Monday, May 16, 2016

Sweet 25 !

"Деновите доаѓааат и си одат како магловити, прикриени фигури пратени од некоја далечина, пријателска дружина, но тие не кажуваат ништо и ако не ги искористиме даровите, си ги враќаат и нив без да изустат збор." - забележал Емерсон.
Вие го менувате животот во оној момент кога од длабочините на своето срце ќе одлучите да станете подобро, попосветено човечко суштество. Она за што се потребни месеци и години се напорите што ќе ги примените за да ја задржите таа одлука. А најдобрата одлука што ќе ја донесете за да го промените животот е онаа со која максимално ќе го живеете секој ден од својот живот. Како што Бен Хоган рекол: "Додека чекорите по патот на животот, мора да ги помирисате розите, затоа што повеќе никогаш нема да добиете шанса да го направите тоа" .

Јас неизмерно сум благодарна за сите денови во овие 25 години! За сите оние прекрасни луѓе кои се најдоа во мојот живот, за да ми помогнат - да станам девојчето кое што сум денес.
За сите лекции кои ги научив чекорејќи и по оној тесен пат, кои ме направија уште посилна и похрабра.
Се радувам што ја имав можноста да бидам се' и да бидам насекаде, и така да станам дете на светот.
И прекрасното сознание ... дека радоста не е таму далеку - туку во длабочината на нашето срце, сега и тука - каде што сме.

Колку убави 25 години!